Класиката е секогаш во мода – Bella капутите низ времето

Класиката никогаш не излегува од мода. Да, зборуваме за Bella, бренд кој е добро познат по својата линија на зимски капути, совршени по минимализмот и кројот кој природно легнува на телото, идеални за секоја модерна и деловна жена. Препознатливи се по својот секогаш модерен дизајн кој ги следи светските трендови.

Квалитетот и изработката се подобруваат во континуитет секоја сезона и веќе неколку години по ред се користат штофови од природни материјали, мешавина на кашмир и волна, како и 100% природна волна во најсофистицирана и најмодерна изработка.

Уште од 1991 година, Bella капутите се првиот избор за деловните и модерни дами кои сакаат да ја истакнат својата женственост. Од класични волнени велури и фланел во црна и тегет боја, до комбинации на волнени плетенини во најактуелните бои од сезоната, секој модел е скроен со посебно внимание и љубов, со избрани детали кои го прават посебен и различен од другите. Низ годините Bella докажува дека квалитетот и модерниот, но уникатен дизајн, секогаш го примамува срцето на софистицираната жена.

Затоа што врвниот квалитет и трајност на капутите се приоритет, во секоја следна колекција Bella користи сè повеќе природни материјали и работи на подобрување на кројот и изработката. Капутите на Bella се секогаш најактуелни во сезоната, иако трендовски дизајнот е безвременска класика. Оваа сезона можеме да уживаме во топлото и пријатно чувство на плетенини, велур и фланел изработени од едни од најквалитетните суровини – волна и кашмир, кои се исклучително меки на допир, во модерни и женствени кроеви.

Погледнете дел од моделите на Bella капути од изминатите 10 години, и моделите од најновата колекција која е веќе достапна во сите бутици на Bella – во Skopje City Mall, ГТЦ и Буњаковец.

 

x

Check Also

Поглед на празничната колекција на MANGO

Декемвриската сезона на празнични денови е пред нас, па време е да ...