Клуни и неговото куче во новата кампања на Омега

Новата колекција на часовници „Seamaster Aqua Terra“ на Омега ја рекламираат двајца верни пријатели – Ајнштајн и Џорџ Клуни.

kuce 1

Слатките домашни миленичиња се почесто стануваат ѕвезди во рекламните кампањи на големите марки.

Мачката на Карл Лагерфелд, Шупет, стана ѕвезда во неколку рекламни кампањи, рекламирајќи не само облека и модни додатоци туку и автомобили, благодарение на нејзиниот прочуен сопственик. Сега на ред дојде едно куче, и тоа не билокое, туку црното кученце на Џорџ Клуни.

Ајнштајн и Клуни се новите ѕвезди на рекламната кампања на часовниците Омега. Всушност, со оглед на тоа дека Ајнштајн е во центарот на сите фотографии тој е дури и главното лице во оваа кампања, додека оскаровецот ја има споредната улога.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...