Луј Витон модна фотографија

Во издание на познатата книжарница и издавачката куќа Рицоли од Њујорк, излезе во печат книгата со модни фотографии направени за Луј Витон (“Louis Vuitton Fashion Photography”). Со фотографии од 1920 година па се до денес, таа  е своевидна илустрирана историја на луксузниот бренд Луј Витон.

Во книгата, на 352 страници авторката Шарлот Котон претстави 200 фотографии. Тоа се дела на најпознатите фотографи (Дејвид Бејли, Патрик Демаршелие, Мерт Алас и Патрик Пижо, Хелмут Њутон, Карл Лагерфелд, Хенри Кларк, Марио Тестино, Питер Линдберг и други), кои направиле незаборавни фотографии за Луј Витон.

Книгата е во продажба со три различни корици, а содржински е поделена на три основни дела: Модни написи по 1977 година,  Рекламни кампањи на Луј Витон и Враќање во 50-тите. Чини 85 американски долари.

Еве неколку впечатливи фотографии направени за Луј Витон.

lvo

Фотографија на Патрик Демаршелие

lv22

КАтрин Денев во кампања на Луј Витон

lv33

Луј Витон фотосесија за колекцијата есен-зима 2012

lv4

Видео на Питер Линдберг за кампањата “Духот на патувањето“

LV6

Наталија Водјанова пред објективот на Мерт Алас и Маркус Пижо

lvm5

Мадона за Луј Витон

 

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...