Книгата на Хари и Меган нема да се допадне на Виндзор

Книгата на Хари и Меган Маркл, „Пронаоѓање на слободата“, која ќе биде објавена во август, ќе понуди за прв пат свое гледиште за кралското семејство и Мегзит.

Гласината трае веќе некое време, но пристигна потврда: книгата-биографија на принцот Хари и Меган Маркл ќе пристигне во книжарниците во текот на лето 2020 година, во август.

Книгата ветува дека ќе ја раскаже вистинската приказна за кралската двојка.

Биографијата ја напишале новинарите – писатели, Омид Скоби од Harper’s Bazaar и Каролин Дуранд од Elle кои работат на книгата веќе две години.

Некои ја нарекуваат книгата – бомба, бидејќи се чини дека открива нови „жешки“ откритија за кралското семејство и за целата афера Мегзит.

Биографијата всушност го претставува животот на Хари и Меган, од моментот на нивниот брак во мај 2018 година, па сè додека не поднесоа оставки како членови на кралското семејство, во јануари 2020 година.

Според издавачот, книгата ќе се осврне на „многубројните озборувања и недоразбирања што секогаш го мачеа парот. За прв пат, „Пронаоѓањето на слободата“ ги надминува насловните страници на весниците, за навистина да откриеме што стои зад потребата за слобода, односно да ги откриеме сите непознати детали од животот на Хари и Меган, разрешувајќи многу гласини и заблуди за нив “.

Издавачот додава дека книгата е „чесен и разоружувачки портрет на самоуверениот и влијателен пар кој гледа даеку пред времето, кој не се плаши од прекинување на врските со традицијата, решен да создаде нов пат далеку од центарот на вниманието“.

Целта на оваа книга е да ги претставува вистинските Хари и Меган, двојка која продолжува да инспирираат многумина ширум светот преку нивната хуманитарна и добротворна работа, а која честотпати е прикажана погрешно.

„Нашата мисија беше мотивирана од желбата да се каже точната верзија на нивниот живот и конечно да ја претставиме вистината за сè што им се случило“, објаснува издавачот.

Книгата има 368 страници, ќе биде пуштена во продажба на 11 август во САД, а од тој ден ќе биде достапна и во онлајн продажба на Амазон по цена од 25 евра.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...