Кое масло е подобро – маслиновото или кокосовото?

Здравата исхрана подразбира и вклучување на две масла, кокосово и масилново. Но кое е подобро?

Вистински одговор не постои, одговорот е дека зависи од вашите здравствени цели. Да погледнете што може да земеме предвид и во која прилика да го употребуваме едното, а во која другото.

1 лажица маслиново масло

1 лажица кокосово масло

Kaлории

119

116

Масти (g)

14

14

Заситени масти (g)

1

12

Moнонезаситени масти (g)

9,8

0,8

Полинезаситени масти (g)

1,4

0,2

Холестерол (mg)

0

0

Готвење на висока температура

Прво треба да земете предвид температурата на која готвите. Ако готвите на висока температура тогаш подобро е кокосовото масло. Маслиновото масло, обично е подобро за подготвување на ладни јадења или како дресинг за салата.

Ползи за имуниот систем

Ако сакате да го засилите имунитетот, тогаш користете кокосово масло. Ова здраво масло има својства кои го подобруваат имунитетот. Кокосовото масло е одлично и за после тренинг зашто помага да го забрзате опоравувањето на мускулите, а помага и побрзо опоравување од повреди или да се одбраните од настинки.

За здраво срце

Kога е во прашање кардиоваскуларниот систем, употребата на маслиново масло е подобра опција. Тоа со своите монозаситени масти е познато како добар сојузник на здравото срце. Оние кои секојдневно го употребуваат маслиновото масло во исхраната имаат помалку проблеми поврзани со срцето.

Антиоксидантна поддршка

Ако сакате да го зголемите внесот на антиоксиданти, тогаш маслиновото масло е победник. Изобилува со антиоксиданси што може да помогне во борбата против слободните радикали. Иако и кокосовото масло до некаде обезбедува антиоксиданси, количината не е иста како кај маслиновото масло.

Зголемена енерија

Ако ви треба повеќе енергија, тогаш користете кокосово масло. Содржи многу триглицериди од средниот ланец кои се тип на масти кои телото ги користи повеќе отколку јагленохидратите. Оттука кокосовото масло ќе ве снабди со доволно енергија за целиот ден, а таа енергија е достапна речиси веднаш.

x

Check Also

Проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  

  Македонија треба да ги следи светските искуства и да го препознае ...