Кое време е најдобро за поливање на цвеќе во текот на летото?

Наутро или навечер, кое време е најдобро за поливање на цвеќе во текот на топлото лето?

Додека траат жешките денови основно правило е дека цвеќето не смее да се полива дење, кога сонцето пече, зашто ќе овене, особено ако водата дојде на неговите листови. Затоа поливањето треба да се прави или рано наутро или навечер по зајдисонце.

Кога температурата ќе го надмине 20-от степен, билките на балкон или во дворот треба редовно да добиваат вода зашто ќе се исушат. Поливањето на цвеќето мора да биде секојдневно, рано наутро или по зајдисонце. И двете опции се правилни, но сепак, постои разлика меѓу поливање на цвеќето наутро и поливањето после пладне.

Познавачите велат дека навечер е полоша опција за поливање на цвеќе од наутро. И дека најдобрата опција е всушност да се полива цвеќето на изгрејсонце бидејќи земјата тогаш е најладна и најдобро ја прима водата. Ако билките се залеваат навечер пак, водата побргу ќе испари бидејќи земјата е сеуште топла.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...