Кога е најдобро, а кога најлошо да се почне со диета

Една од најтешките одлуки кои ја имаат луѓето со вишок на килограми е кога да се започне со диета. „Од утре“ или за викенд, или „од понеделник“. Но, истражувањата го даваат одговорот кога е најдобро да се почне со диета, а кога е најлошо.

Најдобро е да се започне со диета:

После роденденот 

Истражувањата покажуваат дека луѓето се најподготвени да се посветат на своите зададени цели, после одредени датуми кои ги прославуваат, вклучувајќи ги празниците и родендените.

Понеделник

Секој понеделник е идеален за нов почеток. Луѓето гледаат на понеделникот како на „копче за ресетирање“ и токму во понеделник, според истражувањата, мотивацијата е најголема. Всушност, после викендот во кој сигурно сте го почастиле своето непце со калорична храна, најподготвени сме да прифатиме полесна храна.

По голема животна промена

Да кажеме, дека сте се преселиле во нов стан или во друг град. Новата рутина и начин на живот совршено време е почнување на нови навики.

Најлошо е за се започне со диета:

Нова Година

Проблемот со Новата година е тој што тогаш си задаваме премногу цели кои можеме тешко да ги постигнеме. Затоа, почнувањето на диета (заедно со другите бројни цели), е една од целите кои тогаш не треба да ги планираме.

Кога имате голем проект на работа

Кога во еден миг од животот ќе бидете претрупани со разни обврски, тогаш тоа дефинитивно не е момент да се почнува со план за губење на килограми. Стресните околности не се време да се тестира издржливоста, упорноста и ограничувањата.

Петок и викенд

Викендот е лошо време за почеток на диета бидејќи едноставно имате премногу слободно време. А бидејќи немате „густ“ распоред, многу потешко ќе ви биде да се држите до здравите навики.

x

Check Also

Fit Family: како до лесно слабеење со ТФМ

Лесно слабеење со термо физичка метода Термо физичката метода (ТФМ) овозможува слабеење, ...