Фустанот со неодредена боја ја „запали“ и сцената на американскиот идол.
Црно-синиот фустан кој предизвика лавина реакции на социјалните мрежи во кои беа вклучени и дузина ѕвезди, се најде и на сцената на американскиот идол.
Фаворитката на американскиот идол Џекс се појави на сцената облечена во „спорниот“ (по боја) фустан, покажувајќи дека не е златно-жолт туку црно-син. Со оглед на тоа дека музичката емисија се пренесува на американската национална телевизија, овој маркетиншки потег на Џекс и донесе бројни гласови, но и поддршка од ѕвездите.
Веднаш по настапот на Џекс, на социјалните мрежи овој фустан повторно стана хит, а во дискусиите за Џекс и фустанот се вклучија и Џенефер Лопез и познатиот тв-водител Рајан Сикрест.
Фустанот кој стана хит може да се нарача на Амазон, по цена од 69 евра.