Кога слабото е премногу слабо

Чувството на неподнослива глад во Холивуд се смета како пат до нирвана, а конфекцискиот број 36 е знак за дебелина!

slai 2

Што ли се’ не сте направиле за да ослабнете? Сте ја пробале сигурно Дајмонд диетата, или диетата „Во зона“, сте се обиделе со таблетки за слабеење или со класично гладување по неколку денови… вежбање, измачување, нервирање… Верувајте, не сте доживеале ниту половина од она што го доживуваат вашите холивудски идоли. На пример, во тренд е диета која се состои од свежо исцеден лимон зачинет со лута пиперка, кој се пие наутро наместо појадок, попладне, и навечер наместо вечера. Прочитајте и заборавете: не препорачуваме да се самоказнувате надразнувајќи го желудникот, а згора на тоа оваа диета предизвикува неподнослива глад, која ги прави нервозни жителите на најбогатиот кварт во светот. Познатите пејачки и актерки сигурно не уживаат во миризбата на егзотичните индиски масла со кои им го „прочистуваат“ телото. Оние кои цврсто стојат зад оваа диета се колнат дека со пиењето на овие масла ( кои предизвикуваат обилни повраќања и проливи во текот на една недела) целосно се прочистува телото и уште станувате – како нови. Наспроти нив, оние кои не се поборници на „прочистувањето“ полесно го прифаќаат „труењето“ на телото како проверен метод за да се остане слаб, па наместо на здрава храна живеат на цигари и кафиња. Третите се оние кои слепо се придржуваат на диетата на доктор Дамат, диета според крвната група, која предвидува внесување на само одреден тип храна, имено на храна која некогаш ја консумирале нашите предци. Голем број звучни актерски имиња ја применуваат таканаречената „гурманска диета“ во која за волја на вистината нема ниту Г од гурманството, а изобилува со најразлични сварени тревки. Пиењето топла вода е само уште еден од начините на кој ѕвездите се обидуваат да дојдат до вита става, зошто студената вода била потешка за „варење во организмот“ и во телото се задржувала подолго од млаката вода. Некои од нив одат и уште подалеку, па не само што проверуваат дали водата има собна температура пред да ја испијат, туку и пред секој вегетаријански оброк рецитираат цитати од тибетанската „Книга на мртвите“.

slabi 3

Но, ова не е ништо ново. Уште пред 10-тина години ѕвездата на групата „Оазис“ стана трн во очите на сите нутриционисти. Главната причина за тоа беше нејзиното екстремно слабо издание, за кое тие велеа дека е сосема неприродно. „Сара е премногу слаба и воопшто не изгледа убаво. Земете ја, на пример, Кејт Мос која е можеби една од најслабите модели на светот, но таа е природно таква. Тежината на нејзиното тело е навистина пропорционално распоредена, за разлика од онаа на Сара“, изјавуваше тогаш Карен Ливи, една од најголемите стручњаци за болести предизвикани од начинот на исхрана. Во потрага по убав изглед голем број од припадничките на понежниот пол се разболуваат од анорексија. Што е најстрашно, тие и не се свесни за тоа. Додека целата околина е шокирана од тоа колку се слаби, тие и понатаму сметаат дека имаат вишок на килограми. Исто како и болните од булимија, кои иако можеби навистина изгледаат поздрави од првите, тоа воопшто не значи и дека се здрави. Со ваквиот проблем се соочуваше и славната Рене Зелвегер. Откако ја одигра улогата на Бриџит Џонс ( за која мораше да се здебели 10 кг) таа започна со ригорозни мерки за да ја врати својата претходна тежина. Но, отиде предалеку со диетите. И додека нејзините колеги велеа дека таа поубаво изгледала како Бриџит Џонс, стручњаците тврдеа дека по толку изгубени килограми веќе е многу тешко да се контролира понатамошното слабеење.

slabi 1

“Луѓето кои работат во шоу бинисот тешко е да се задоволат, а нивното внимание е уште потешко да се задржи. Тие пробале се’, и сега се‘ им е здодевно, тврдат тренерите на размазените ѕвезди, па се принудени постојано да измислуваат нови начини за трошење на калории, почнувајќи од стомачни танци, па се до игрите кои сите како деца сме ги играле на големиот одмор: плочка, ластик, нека бие – нека бие и т.н. За оние, пак, на кои стомачните танци им се премногу лесни постојат часовите по „Крав Маг“ – многу агресивни боречки вештини.

Како стимуланси за слабеење популарни се и „волшебните напивки“ всушност кафиња за слабеење, односно  екстракти од корен на кафе. Наводно, ваквите напивки биле одлични за ослободување од стресот, а таканаречениот сок „супер силна билка“ ја враќал енергијата. Имате уште и „виртуелен Буда“, „полнач на енергијата“ и „јин“, течности за кои ѕвездите строго се придржуваат верувајќи дека со нив ќе бидат повити. Маркетиншки трикчиња кои чинат прилично, ама делуваат, впрочем исто онолку колку и да се ставите на 10 дневна диета само со турско кафе.

Ј.С.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Натпросечно топли температури, проверете кога ќе има нагла промена на времето ужасна за здравјето!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...