Кога сте лошо расположени или чувствувате дека енергијата ви паѓа, изедете еден грст јаткасти плодови

Верувале или не, доколку јадете соодветна храна, таа може да придонесе вашето расположение значително да се подобри. Според познавачите, дури и најмалите детали кои ќе ги направите во текот на еден ден, можат да ви помогнат да се чувствувате подобро. Токму една од работите кои можете да си ги дозволите е правилниот избор на храна која ќе има за цел да ги разбуди сите ваши сетила, а со тоа да помогне и кон подобривање на расположението.

Интензивните бои секогаш умеат да направат да се чувствуваме подобро. Токму затоа, подгответе си свежа сезонска салата во чиј состав можете да ставите најразлични зеленчуци во различни бои. Токму таквата колоритност ќе ви го подобри расположението а истовремено ќе ве направи и поздрави, бидејќи со редовен внес на ваков тип храна, вие ќе внесувате доволно витамини и минерали кои ќе ви помогнат да го одржувате здравјето и виталноста на телото.

Освен зеленчукот кој ќе го ставите во чинијата, важно е и какво масло за јадење ќе изберете за да го подобрите вкусот. Според нутриционистите, во ваква ситуација, најдобро е да се користат ладно цедени масла.

Кога бирате храна која може да ви го подобри расположението, имајте на ум дека и разичните видови на риба можат да имаат позитивно влијание. Најпрепорачливо е да изберете лосос кој содржи здрави масти и витамин Д. Во лососот се наоѓаат и омега-3 масни киселини кои не само што го подобруваат расположението, туку и го намалуваат крвниот притисок и го намалуваат ризикот од срцеви болести.

Јаткастите плодови се полни со протеини, здрави масти, селен и витамин Е. Кога и да сте лошо расположени или почувствувате дека енергијата ви паѓа, изедете еден грст јаткасти плодови..

За десерт, наместо торти и колачиња кои ќе ви ја одземат енергијата, изедете една банана.

Бананите се познати како овошје кое содржи многу калиум и витамин Б, но имаат и добро влијание врз нивото на енергија. Покрај тоа, за подобрување на менталното здравје, препорачливо е да се јадат зелени банани. Во составот на вака недозреаниот плод, има голем број пробиотички влакна кои помагаат во одржување на здрав нервен систем.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Натпросечно топли температури, проверете кога ќе има нагла промена на времето ужасна за здравјето!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...