Кога „танцува“ make up четката на Милена Косиќ

Кога една поинаква четка со поинакви бои ќе започне да слика на едно поинакво платно кое ќе го преточи во убавина… убавина која била срамежливо скриена…

Четката се движи сигурно низ целото „платно“, ги заруменува образите, го бои погледот и ги пламнува усните. Тоа е make up четката на Милена Косиќ. Четка која танцува во свој ритам оставајќи траг од многу бои, многу руменило и многу сјај во очите на една клиентка.


За секој танц да изгледа совршенo има правила и чекори. Основните чекори се креирање на совршена основа, совршено контурирање на ликот и истакнување на индивидуалноста и карактеристиката на секое лице притоа истакнувајќи ја секоја црта секој дел од лицето го прави посебно и поинакво од секое друго.

Очите се посебна приказна, некогаш знаат да говорат повеќе и од усните.


Колорит на очите и магија од бои е тоа што Милена Косиќ ја прави посебно моќна во оваа уметност. Неверојатен колорит и силни тонови со кои многу храбро создава поглед кој е моќен, поглед кој остава без здив.

Јаболчниците само ја следат насмевката, а понекогаш „срамежливо“ се заруменуваат или пак блескаат во полн сјај.

Усните го имаат „последниот збор“. Некогаш говорат моќно и страсно во црвена боја некогаш „мудро молчат“ скриени во својот мат финиш или се во центарот со својата суптилна доминација во полн сјај.


Секогаш карактерот се прашува прво како треба да изгледа шминката, но има некои совети кои сепак треба да ја почитуваат естетиката.

„На девојките со блед, а ладен под тон на лицето и потемни очи, им одговараат најмногу ладните и неутралните тонови на сенка (виолетова, кафена…). Потоа на девојките што се бели, а имаат розев под тон и светли очи им одговарат сите топли и неутралните тонови што имат црвеникав финиш, додека на потемните девојки им прилегаат многу вибрантните бои“, вели Косиќ.


„Кога во прашање е невестинската шминка секогаш мој предлог е нежна кафеава сенка на надворешниот дел од окото, зачадена со розе нијанса, некој бисерен пигмент, волуменозни трепки, “highlight”, и нежен кармин со сјај во центарот на усните“, вели Косиќ.


… едноставно без размислување доверете ја вашата убавина на Милена Косиќ.

x

Check Also

Бизарните третмани за убавина на славните, од Гвинет Палтроу до Џенифер Лопез…

Младешкиот изглед, затегнатата кожа, сјајот на лицето…ѕвездите прават се и изнаоѓаат нови ...