Кога уметноста ќе се вљуби во розите

Уметноста на подарувањето е вештина која треба да ја поседувате. Сигурно многупати сте сакале на вашите драги личности да им подарите нешто уникатно, поинакво од класичните подароци, но за тоа да се креира потребни се раце на уметник.


Розите секогаш освојуваат, во сите нивни бои и големите се некако посебни, а особено омилени кај повеќето дами. Класичното подарување на рози е веќе здодевно, но затоа Елена и Ана Марија се тука да креираат нешто ново кое ќе биде неодоливо за подарок или декор во домот.


Што велите за скулптура од рози во форма на првата буква од на вашето име, големо 3д срце или неодоливо мече кое ќе ве растопи од убавина кога ќе го видите и ќе ве врати во детството кога искрено се радувавте на секој подарок?


–   Нашата креативна нишка секогаш не водеше да креираме подароци за нашите драги луѓе со посебно внимание и љубов. Нашата поврзаност не е само како тим, ние сме тетка и внука кои заеднички уживаме во уметноста и креативната работа, и кога две генерации ќе се спојат секогаш излегува нешто магично.


–  “ShareLoveBox” e приказна која започна да создава уникатни подароци за најубави моменти, а реакциите на клиентите и нивните желби се незапирлива инспирација да создаваме нешто посебно.


– Цветните мечиња и другите цветни скулптури од трајни мозаични рози се креираат со неверојатно внимание и трпение. Секоја мини роза се прикачува на конструкцијата со цел да ја даде оригиналната форма на популарното “теди” мече.


– Секако на инспирација и нема крај кога правите креации со овие мини мозаични рози. Креираме и уникани пораки, форми на срце или популарни дизниеви ликови како 3д слика, букет или скулптура декор.


– Нешто што посебно е привлечно се и буквите од трајни цветови кои може да бидат креирани и од свежо цвеќе. Трајните изработки се убав украс кој секако останува секогаш да го краси нашиот дом.


–  Креирањето на индивидуланите подароци кои се збогатени по желба на клиентот се особен предизвик бидејќи некој кога ви доверува да му креирате персонализиран подарок тоа значи дека таа личност е посебно драга за него.


– Нашите креации продолжуваат со тоа што создаваме и неодливи изненадувања во декоративни кутии пропратени со слатки и пијалок, разни украсни и друг тип на декор.


–  Голем предизвик е секое ново дело, особено доколку не сме го изработиле претходно, а притоа сакаме покрај нашите препознатливи креации да вметнеме некои нови идеи и понуди за подарок или неодолив украс за домот.


– Препознатливиот дизниев лик Мики Маус е исто така интересен предизвик бидејќи може да биде креиран и како 3Д уметничка слика за на ѕид па се до необичен букет.


– Уметноста во сите нејзини форми го храни духот, а доколку ја имате во рацете тогаш сте многу среќни. Кога вашата љубов кон уметноста и тоа што го создавате ќе го препознаат другите тогаш на инспирацијата и нема крај.

Уживајте во “Share Love Box” на Фејсбук и Инстаграм.

x

Check Also

 & Other Stories им даде предност на пастелните нијанси

Без разлика на сезоната, пастелните нијанси се секогаш во тренд. Модната марка  & ...