Кои алкохолни пијалаци имаат најмалку калории

Лето е, веројатно повеќе уживате во лесните јадења и салатите отколку во месните производи. Но што е со пијалаците? Обично, легнати на плажа, уживаме во некое коктелче или пак, во ладно пиво. Подоцна остануваме зачудени – како со лесна храна, сепак сме потешки за некој килограм. За да ви помогнеме да ја сочувате вашата линија, еве какви пијалаци може да се напиете, се разбира, во одредена мера.

Иако многумина мислат обратно, сепак црното вино има помалку калории од белото. Помага и за намалување на холестеролот и богато е со антиоксиданси.

Доколку сепак се одлучите за бело вино, одберете квалитетно и бројте колку пиете. Истражувањата докажаа дека од белото вино може да испиеме повеќе чаши отколку од црвеното, а килограмите стигнуваат малку подоцна зашто во 100 мл бело вино има 90 калории.

Не претерувајте со пивото. Чаша пиво содржи дури 110 калории, а секако нема да останете на една чаша во текот на денот. Освежува, но дополнително предизвикува и надуеност. Па така, ако уживате во пивцето веројатно нема да уживате во рамниот стомак.

Чашка вотка содржи 97 калории, а чашка виски 120 калории. Овие „тешки“ алкохолни пијалаци добро е да ги разблажите со коцка мраз, и да застанете на две чашки. Во коктели истите пијалаци имаат дури по 250-300 калории, некогаш и повеќе во зависност од коктелот. Всушност, слатките коктелчиња во кои уживаме на плажа се вистински калориски бомби и еден коктел слободно заменува цел оброк.

Ладниот шампањ е идеален за топлите денови, а содржи само 80 калории во чаша.

Кога сме кај текилата, едно ново истражување вели дека умерениот внес е добредојден. Истражувањето докажува дека одредениот шеќер во агава (од која се произведува текилата) помага во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Познат како агавинс, овој шеќер произведува хормон кој желудникот го прави сит и „полн“ подолго. Но се разбира, умерено со овој силен жесток пијалак.

 

x

Check Also

МУЗИЧКИ БЛОК [НОЕМВРИ] ВО МКЦ

Од кога се немаме видено во сала 25 мај! Ви најавуваме 2 ...