Кои се најчестите 5 мејкап грешки и кое е нивното решение?

Девојките и жените се шминкаат минимум еднаш во текот на денот. Иако тоа го прават секојдневно, сепак многумина од нив прават типични грешки при процесот на шминкањето. Погледнете кои се најчестите грешки при шминкањето

ПУДРА – погрешна боја на пудрата без разлика дали станува збор за посветла или потемна. Таа е погрешен избор за вас и вашиот изглед. Внимавајте на тонот при купувањето и одберете ја нинајсата која одговара на вашата кожа!

РУМЕНИЛО – премогу или премалку руменило не прилега на вашата шминка. Со премалку изгледот е поблед и нема сјај, а со премногу ги пренагласувате образите и им давате неприродна боја која делува вештачки и чудно. Умерено заруменете се и постигнете природен ефект.

БРОНЗЕР – ако го нанесете во поголеми количини тоа е како да сте потемнеле инстантно и тоа само на одредени делови од лицето и телото. Внимавајте на количната на бронзерот и рапределете го соодветно.

МОЛИВ ЗА ВЕЃИ – овој дел од шминката треба само да е помогне за подобра боја т.е. интензитет на вашите веѓи, а не на добивање на нови линии. Затоа бидете внимателни при цртањето и нијансата, треба да биде иста со онаа на вашите.

КАРМИН – премногу темни бои делуваат неприродно и прават да изгледате постаро. Исто така внимавајте на линијата на усните, карминот или моливот за усни треба да ја прати линијата на вашите усни, со цел уредно и професионално шминкање.

 

x

Check Also

Совети за совршена шминка според формата на очите

Не постои универзален начин на шминкање, особено кога станува збор за очи. ...