Кои се најсреќните хороскопски знаци во јуни, а кои ќе имаат помалку среќа…

Јуни е пред нас, а месечните хороскопи за овој преубав сончев месец предвидуваат кои ќе бидат најсреќни хороскопски знаци, а кои ќе треба да внимаваат на полето на љубовта и на работното место…

Во најголем дел од месецот јуни, и планетата Венера и планетата Меркур ќе престојуваат во знакот на Близнаци, гарантирајќи им супер среќа и на љубовно поле и на деловен план.

Благодарение на ваквата поставеност на Меркур и Венера среќа ќе имаат и другите воздушни знаци – Вагите и Водолиите.

Помалку среќни пак, за жал, ќе бидат родените во знакот на Риби и Шкорпиите, особено на полето на љубовта. Сепак, Рибите ќе си го „залечат“ срцето стартувајќи од 21-ви јуни, кога ѕвездите ќе се свртат во нивна полза.

Близнаците пак, кои се кралеви на зодијакот за овој месец, треба до максимум да ја искористат поволната поставеност на ѕвездите. Од 9-ти јуни, особено ќе бидат фаворизирани љубовните средби, па осамените Близнаци ќе имаат конечно можност да си сретнат сродна душа.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...