Кои се најважните работи ако живеете во мал стан?

Доколку веќе живеете во мал станбен постор, сигурни сме дека ги знаете поголемиот број трикови за уредување на вашиот дом. Сепак би сакале да ви ги пренесеме најзначајните ставки на кои треба да се внимава при уредување на станот:

  1. Користете мултифункционален мебел кој можете да го употребувате за повеќе потреби, а него направете го според димензиите на собите.
  2. Употребете светли бои кои ќе го освежат просторот.
  3. Искористете ги вертикалните површини во просторот за да имате комплетна искористливост.
  4. Средувајте го просторот редовно!

Последната од горенаведените, е всушност најважната ставка бидејќи морате постојано да чистите и да ги складирате работите. Сосема е во ред да ви се “насоберат“ работи во станот, но тоа е многу поочигледно во мал простор отколку во поголеми станови или куќи.

Нашиот предлог кој би требало да важи за сите кои живеат во мали станови е редовно “средување“ на просторот односно да ги оставите само работите кои ги користите, а да ги тргнете сите предмети и работи кои не ги користите веќе одредено време. Ќе бидете изненадени, како само со редовно уредување на просторот според овие препораки, вашиот мал стан ќе изгледа сосема доволно и големо.

Така освен што ќе исчистите, ќе ви се ослободи простор за нови работи кои би ги имале во домот.

За оние кои се тешки за одлука, што подобро од “кутија за неодлучни“. 🙂
Одберете си кутија и во неа складирајте ги сите работи за кои сте недлучни дали ќе ги користите или не.

Потоа ако пројдат повеќе од половина година и вие се уште не сте ги користеле овие предмети – време е да ги фрлите и да ослободите простор за нови “неодлучни“ предмети.

Преостанатите можете да ги рециклирате, реупотребите или подарите.

 

x

Check Also

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е ...