Кој е Едвард Енинфул? Првиот маж – уредник на британскиот „Вог“

Модниот свет ја слушна веста за доаѓањето на Едвард Енинфул на челото на британскиот Вог, а станува збор за маж што е првпат во историјата назначен за уредник на модната библија. Што знаете за него?

Роден е во Гана, но во раното детство со родителите се преселил во Лондон. Благодарение на мајкаму која била кројач ги запознава тајните на кроењето и на материјалите. Имал само 16 години кога влегол во модниот свет, како модел. Преку успешната работа на модел се запознава со голем број на познати дизајнери, но и со различни главни уредници на модните списанија. Така, со само 18 години станува моден уредник во списанието „Ај Ди“, а со тоа станува и најмлад уредник во историјата на Ај Ди. Во ова списание ќе остане околу 20 години.

Во меѓувреме, кариерата на стилист ја гради преку италијанскиот Вог, прво како гостин-уредник кој со години работи со легендарната уредничка Франка Соцани, но и со легендарниот фотограф Стивен Мејсел. Го покажува извонредниот талент за едиторијали кои испраќаат порака. Освен во италијанскиот Вог, како гостин-уредник работи и во американскиот Вог, во соработка со Ана Винтур. Подоцна, почнува да работи и во списанието W. Всушност, трансформацијата и неверојатниот успех на ова списание се должи токму на креативноста на Енинфул.

Се очекува дека како главен уредник на британскиот Вог да внесе новини и свежина, провокативни насловни страници и едиторијали со пораки, а можеби и ќе и покаже на Ана Винтур како се пристапува на проблемите преку модните фотосесии.

x

Check Also

Дали Парис Хилтон е бремена? Одговорот доаѓа преку подкаст

По веста што вчера ги преполни „госип“ порталите, Парис Хилтон добива низа ...