Кој е македонскиот производ што ја освои Саудиска Арабија?

Производите за здрава храна на „Виталиа сериозно го освојуваат азискиот континент. Овој пат тоа е најголемата земја на Арапскиот Полуостров – Саудиска Арабија, а соработката и пласманот на овој македонски бренд започнаа во 2017 година.

Најмалку педесет производи од „Виталиа“ можат да се најдат на полиците во маркетите во Саудиска Арабија, а од нив најголем интерес има за премиум баровите и спортските барови.

Овој успех се должи на квалитетот на внимателно селектираните производи кои се одликуваат со здрави нутритивни состојки и врвен квалитет.

Во Саудиска Арабија се наоѓаат најсветите муслимански места – Мека и Медина. Таму половина од населението го сочинуваат лица помлади од 25 години, па логична е и потребата за здрава исхрана и вежбање. Од октомври 2018 година, саудиската економија стана најголема на Блискиот Исток и 18-тата најголема во светот.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија. Иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...