Кој е Николас Лефевре, новата љубов на Моника Белучи?

По бракот со Винсен Касел кој траеше 19 години и во кои се родија две деца, италијанската глумица Моника Белучи најде нова љубов.

Неодамна Белучи беше фотографирана со новата љубов – 18 години помладото момче Николас Лефевре. 

Двојката е фотографирана на ревијата на Шанел во Париз, која се одржа во составот на Модната недела. Модната ревија беше во чест на легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд, кој почина на 19-ти февруари.

Станува збор за прво јавно појавување на Белучи со новото момче. На крајот на февруари пак, францускиот весник Voici објави фотографии од двојката снимени на париските улици.

Николас Лефевре е млад артист, роден на 22 јуни 1982 година во Франција. Работи како сценограф, но и сопственик е на уметничка галерија во Париз. Николас зад себе веќе има еден брак и 6-годишна ќерка.

Белучи и Лефевре се запозначе летото во 2018 година, а сега веќе имаат стабилна и силна врска. Според гласините, наскоро планираат свадба.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...