Кој е Сем Асгари, љубовта на Бритни Спирс?

Сем Асгари е момче на Бритни Спирс од 2016 година. Во најголем дел, Бритни и Сем претпочитаат да ја одржуваат својата врска надвор од центарот на вниманието. Со текот на годините, видовме само неколку заеднички фотографии што ги споделија на социјалните мрежи и неколкуте јавни настапи што ги направија заедно.

Личен тренер

Момчето на Бритни Спирс отсекогаш имал страст кон фитнесот. „Кариерата на фитнес тренер беше природна прогресија“, напиша Сем Асгари на својата веб-страница. „Моето семејство емигрираше во САД од Иран. Тие работеа напорно за да можам да имам пристоен живот во Америка, со повеќе можности. Си ветив себеси дека ќе го искористам максимумот од нивниот напор и ќе бидам најдобрата верзија од себе и дека ќе им помогнам на што повеќе луѓе “. Во 2020 година тој ја лансираше својата програма за фитнес „Асгари“, во надеж дека „ќе го смени животот“ и „ќе им помогне на другите“. Сем Асгари ги смета Кристијано Роналдо и Двејн Џонсон за негови фитнес идоли.

Поранешен фудбалер

Сем Асгари играл фудбал и во средно училиште и на колеџ, но на крајот се откажал бидејќи бил исклучен од фудбалската програма на Универзитетот во Небраска-Линколн. Потоа продолжил да студира кривично право  на колеџот Пирс во Лос Анџелес, пред конечно да одлучи да продолжи со фитнес кариера.

Почувствувал „пеперутки“  кога првпат ја сретнал Бритни 

Сем и Бритни најпрво се сретнале на снимањето на неговиот спот „Slumber Party“ во 2016 година и тој бил воодушевен што се сретнал, како што вели, со една од најголемите уметници на сите времиња. „Можев да почувствувам пеперутки“, изјави Сем Асгари за Men’s Health. 27-годишното момче се обидело да биде забавно за да го скрши мразот, а средбата завршила со размена на телефонски броеви пред да заврши снимањето. На крај, тие го закажале својот прв состанок  и на Нова Година 2017 ја официјализираа својата љубовна приказна на Инстаграм.

Глумел во видеото Work from Home на Fifth Harmony

Сем глумел во видеото Work from Home на Fifth Harmony и тоа имал улога на градежен работник.

Глумел во неколку серии

Иако допрва ја чека главната улога, Сем Асгари веќе се појавил во неколку ТВ-емисии, серии и филмови како „Семеен бизнис“, „НЦИС“ и „Можеш ли да чуваш тајна“?

x

Check Also

Меган Маркл го доби случајот во спорот со британските таблоиди

Меган Маркл (39) победи во случајот против британските весници: Британските таблоиди не ...