Што се случува кога најбогатите двојки во светот имаат деца? Тогаш парите почнуваат да „врнат“.
Една таква двојка се Џеј Зи и Бијонсе. Нивната 2-годишна ќерка Блу Ајви, се „клати“ на чевличките со потпетица потпишани од Том Форд, додека во раката ја држи Барбиката вредна 80.000 долари украсена со дијамантчиња.
Ким Кардашијан и Канје Вест уште од сега се преокупирани со стилот на нивната ќерка Норт Вест. Малата Норт носи кожен фустан со потпис од Александар Ванг, модни додатоци од Живанши, џемперчиња од Селин, бело палто од Маргиела, фустанчиња од Ланвен.
Од Долче и Габана до Барбери, луксузните модни марки се повеќе почнаа да се занимаваат и со луксузна детска мода лансирајќи лимитирани колекции на исклучително скапи парчиња детска облека. Да не се залажуваме, таквите колекции се сепак наменета за некои не толку познати богати двојки, кои угледувајќи се на овие славните, знаат да се впуштат во екстремен онлајн шопинг за да ги дотераат своите малечки. Овие славните пак, тоа го прават во директна консултација со дизајнерите.