Кој ќе го крштева кралското бебе на Меган и Хари, најавата на повидок

Подготовките за доаѓањето на свет на кралското бебе на Меган Маркл и принц Хари се во полн ек. Обожавателите, кои едвај чекаат некаква нова информација, се прашуваат кој ќе го крштева нивното бебе, а веќе постои наговестување кој тоа би можел да биде.

Меган Маркл и принцот Хари имаат многу пријатели меѓу познатите личности, но сепак, еден познат пар им е особено близок, па се претпоставува дека токму тие ќе имаат чест да бидат кумови на бебето.
Станува збор за Амал Клуни и Џорџ Клуни. Така, Џорџ Клуни им рекол на блиските пријатели дека има чувство дека токму тој и Амал ќе кумуваат на кралското бебе.

Инаку, Амал и Меган се одамна блиски пријателки, па тие ги зближиле нивните сопрузи Хари и Џорџ. Заедно летувале неколку пати, а Меган и помогна на Амал да го уреди домот во Англија.

x

Check Also

Шоуто на Викторија сикрет со најлоша гледаност до сега

Шоуто на Викторија сикрет кое се емитуваше на NBC каналот, има најлоша гледаност ...