Кој нема среќа во љубов, има во бизнисот: нов предизвик на Миранда Кер

Да добро прочитавте, една од најубавите жени во светот вели за себе дека нема среќа во љубовта. Но, на полето на бизнисот работите стојат поинаку за неа. Новиот договор пристигна од Вондербра.

miranda 2

Иако судски сеуште не е финализиран разводот на топ-моделот Миранда Кер и глумецот Орландо Блум, двојката одамна не живее заедно, а Кер се пожали дека нема баш среќа во љубовта. Сепак, деловните договори пристигнуваат од сите страни, па на својата листа на успеси за оваа сезона допиша уште една работа која и носи одличен хонорар.

Во кампањата за пролет 2014 година на Вондербра заштитно лице е токму таа. Поранешниот модел на Викторија сикрет така повторно се разголи во долна облека и мораме да признаеме дека резултатите се фантастични.

Во очекување на кампањата на Вондербра, еве само неколку фотографии кои веќе се пуштени колку да се загрее атмосферата.

miranda 1

 

x

Check Also

Ова е најслатката фотографија на Џиџи Хадид од бременоста (ФОТО)

Најслатката – и најсмешна – фотографија од бременоста на Џиџи Хадид, 25, ...