Кој пијалак му одговара на вашиот хороскопски знак

Дали сте за коктел или вино? Еве што велат ѕвездите…

stil 123

ОВЕН

Родените во овој знак се авантуристи, динамични и иновативни. Тие сакаат да испробуваат нови работи, затоа пробувањето на нови коктели е идеална дејност за нив. Важно е коктелите да не се премногу слатки, а вообичаено секој коктел им здосадува по  подолго време на консумирање. Имено, родените во знакот на Овен  имаат голем капацитет за коктели.

БИК

Биковите се весели, пријателски расположени луѓе кои уживаат во добро друштво и забава со блиските.Подобро се забавуваат во одбрано друштво отколку опкружени со непознати на луда авантура. Сепак, го ценат раскошот, па со задоволство би посегнале по чаша добро виски. Во отсуство на подобар избор,  ќе се  напијат и шприцер, а треба да  бидат внимателни со количината бидејќи се неумерени во храната и пијалакот.

БЛИЗНАЦИ

Тие се многу комуникативни, отворени и лесно се снаоѓаат во сите социјални ситуации. Под дејство на алкохол со задоволство флертуваат и  разговараат со непознати. Идеален пијалак е десертно вино, но со задоволство ќе пијат и црвено вино во сите негови форми.

РАК

Тие се импуливни и многу емотивни, но  често го менуваат  расположението и под дејство на алкохол знаат да се однесуваат театрално. Сакаат добри италијански црвени вина, но исто така уживаат и во слатки овошни ликери.

ЛАВ

Лавовите се дарежливи, забавни и креативни, а често сакаат добра капка во друштво. Идеален пијалак за нив е џинот кој можат  да го пијат на различни начини, чист или мешан со други пијалаци. Алкохолот ќе ја охрабри нивната симпатична, забавна страна, па се омилени во друштвото .

ДЕВИЦА

Ретко пијат комплицирани, тренди пијалаци. Нивниот класичен избор е џин и тоник, едноставна мешавина без дополнителни калории. Aкο претераат со пијалакот, на светлина може да се покаже нивната потисната, малку агресивна страна, така што влегуваат во вербална расправија.

sril 456

ВАГА

Дури и во најтешките моменти, родените во овој знак ја контролираат ситуацијата. Тие се тип на луѓе за кои знаете дека  одлично ќе се забавуваат и лесно се вклопуваат во друштво особено со својот хумор. Нивниот идеален пијалак е мартини, а  ретко претеруваат. Сепак, ако се случи тоа, обично  ќе им биде физички лошо.

СКОРПИЈА

Тие се решителни и моќни. Можат да бидат љубоморни и посесивни, а тоа се засилува со прекумерното внесување на алкохол. Најмногу им одговара  чаша виски или вотка, а ако пијат повеќе, добар избор е пивото.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ја сакаат слободата, чесноста и отвореноста, а токму  таков е и алкохолот кој го избираат. Не им се допаѓаат „нашминканите“ пијалаци, а нивниот прв избор е пиво. Често ќе нарачаат и други пијалаци кои ќе ги видат во барот, а меѓу омилените им се слатките ракии како ракија од мед или од вишна. Треба да бидат внимателни да не мешаат премногу пијалаци, бидејќи знаат да станат многу емоционални и носталгични под влијание на премногу алкохол.

ЈАРЕЦ

Јарците се практични, внимателни, тврдоглави и донекаде се резервирани. Aко се огласат на лудо излегување, често ќе пијат вода помеѓу пијалаците за да не се  опијанат и така да ја загубат самоконтролата. Исто така, Јарците често не се најдобро друштво после неколку пијалаци , бидејќи тогаш доаѓа до израз нивниот песимизам и темните мисли. Најдобриот избор на алкохол за нив е лесното бело вино.

ВОДОЛИЈА

Идеален пијалак  за малку дивата, ексцентрична и забавна Водолија е текилата. Тие сакаат да ја пијат чиста,  мешана со сок или во коктел . Тоа ќе им  обезбеди  многу забава за време на вечерните часови, но сепак треба да се внимава на количината, бидејќи се склони на неодговорно однесување и лесно напивање.

РИБИ

Бидејќи Рибите се чувствителни, нежни и донекаде молчеливи,  пијалаците им го ослободуваат јазикот. Идеален избор за нив е коктелот  „Бел Русин” кој се состои од вотка, ликер кафе и крем.

x

Check Also

Класично сина – боја на 2020 година според „Пантоне“

Италијанскиот Институт за бои, престижниот „Пантоне“ ја објави бојата на годината која ...