Кој рече дека кошулата со куси ракави е непримерен избор?

Позната дилема особено во деловниот свет – дали е примерно да се носи кошула со куси ракави на работното место?

kosula54

Откако во 60-те години на минатиот век кошулата со куси ракави влезе во деловниот свет предизвика остри спротиставувања на мислењата меѓу оние кои и дадода шанса и оние кои веруваа дека таквиот избор е непримерен.

До денес мислењето на модните креатори е поделено, па некои сеуште тврдат дека не е примерно кошула со куси ракави да се носи на работното место, доколку работите во канцеларија (што подрзабира и клима-уред), додека други  веќе на голема врата ги промовираат деловните кошули со куси ракави кои денес не се само класични и бели, туку се со различни принтови и дезени, па дури и нови екстравагнатни модели кои ја следат линијата на телото.

Ако „уличниот стил“ полека влезе во канцелариите, кој тогаш рече дека кошулата со куси ракави е непримерен избор? Сосема примерно, особено ако се комбинира со тенка вратоврска или пак ако се заборави на вратоврската.

Ако сепак се плашите од туѓите коментари и немате доволно храброст за да застанете на страната на практичноста, можеби би можеле да размислите за ленена кошула со долги ракави на која ќе и ги „завртите“ ракавите кога ќе ви стане жешко. Се разбира, без вратоврска.

Што се однесува до нас, и двете варијанти ни се далеку попримерни од строг модел на кошула со долги ракави „декорирана“ со две „вирчиња“ пот под пазувите.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...