Кој тип чоколада со кое вино се „спарува“

Уживањето во чоколадата и виното може да биде врвно и неповториво искуство, доколку знаеме како да ги искомбинираме овие две слатки задоволства. Погрешно е мислењето дека со чоколадата се препорачуваат само десертни вина.

cok5

Исто како и кај комбинациите на виното со јадењата и за „бакнувањето“ на виното со чоколадата постојат неколку основни правила.

Основно правило е да го насочиме вниманието на вкусот и текстурата на виното и чоколадата – двете мораат да припаѓаат на иста категорија, односно кај виното мора да внимаваме на зрелоста, киселоста и танинот, додека кај чоколадата мора да се обрне внимание на содржината на какао, на кремастата текстура или на овошниот фил.

Второ правило е дека виното секогаш мора да биде барем малку послатко од чоколадата.

Трето правило, содржината на какао е појдовна точка која го одредува изборот на виното. Колку повеќе какао содржи еднa чоколаa толку подобро се бакнува со зрели и лесни црвени вина.

Кога ќе избереме добра комбинација на чоколада и вiно, компонентите во виното ќе бидат нагласени благодарение на карактеристиките на чоколадата, и обратно. И тогаш ваквата дегустација станува вистински празник за непцата.

Држете се до овој водич за дегустации и нема да згрешите:

Млечна чоколада со крем од ванила

Млечна чоколада со крем од ванила најдобро се бакнува со Пино Ноар

 

cok 2

Млечна чоколада со крем од караела одлично се бакнува со бело пенливо вино

cok 3

Темна чоколада со крем од кокос одлично се бакнува со Мускат

 

slika 5

Темна чоколада со крем од малина комбинирајте со црно вино со силна миризба и нота на цреша, малина или слива.

 

cok4

Црна чоколада со крем од потокал одлично се бакнува со вино Шираз.

 

 

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...