Кој тип на „празнична личност“ сте вие?

Додека некои сакаат празниците да ги поминат во топлината на својот дом , други  имаат желба да ја сменат средината, па празниците им се вистинска можност за патување. За поминување од секојдневно во празнично расположение на некои им е потребно повеќе, па новогодишниот период може да биде прекинувач на синдромот на празничните промени на личноста, предупредуваат психолозите.

bozik 4

Краткотрајни и променливи промени во однесувањето и карактерот во текот на празниците се карактеристични за повеќе од половината  луѓе, покажа едно британско истражување. Но, дали тој синдром ќе ве погоди или заобиколи, зависи и од други фактори, како што се: стресот, способноста да се прилагодите на празничните промени, вклучувајќи ја и промената во ритамот на спиење, исхраната и алкохолот.

Повеќе од две третини од оние кои признаа дека нивната личност се менува за време на празниците тврдат дека во новата средина, далеку од дома се чувствуваат многу порелаксирано и лежерно. И покрај тоа што изгледа дека со тоа целта за кратко бегање од секојдневието е исполнета, токму вашето слободно излежување може да биде причина за расправија со партнерот, кој за разлика од вас можеби нема толкава потреба за мир и релаксирање, туку сака акција.

bozik 1 Празничниот синдром за измена на личноста се смета за еден од главните виновници за расправиите и кавгите кои за време на празниците им се случуваат на повеќе од една четвртина од паровите, пред се поради различните гледишта на празниците.

Главните причини се тоа што некои не се подготвени да ги исполнуваат желбите на партнерот, потоа бидејќи партнерите сакаат да прават различни работи, но за несогласувањето може да бидат виновни и парите, односно расправијата околу тоа колку пари да се потрошат за празниците.

Четири типови на празнични личности

И покрај тоа што во секојдневниот живот сте на иста бранова должина со партнерот, многу лесно може да се случи да се карате поради ситници. Психолозите разликуваат четири типови на празнични личности: лидер, инспиратор, идеалист и изведувач.

bozik 3

Природните лидери уживаат во организирање на апсолутно сите активности.. Не се плашат да ги преземат одговорностите и обврските. Многу се способни во распоредувањето на парите. Сакаат да се вклучат во групните празнични активности, но понекогаш им недостига трпение. И покрај тоа што лидерите најчесто се согласуваат со другите типови на личности, често се расправаат ако во групата има уште некој лидер. Со идеалистот прави совршен празничен пар.

Идеалистот е многу грижлив и сочувствителен со другите, па ги охрабрува. Има вродена способност да пронајде заеднички јазик со различните типови личности поради што е и омилен во друштвото. Најчесто ги избегнува расправиите и критиките, па е доста вознемирен кога мора да го каже тоа што го мисли. Покрај со лидерите тој е совршен комбинација и со изведувачите. Сепак, понекогаш идеалистите се чувствуваат загрозено па тогаш вложуваат многу труд и нивниот глас далеку да се слушне. Одлично се снаоѓа и со групите луѓе кои не ги познава најдобро.

bozik 5

Инспираторот е високо мотивирана личност во чие друштво поради неговата енергија, оптимизмот и смислата за хумор другите целосно уживаат. Секогаш е во потрага по ново искуство, а неговите иноваторски идеи секогаш се почитуваат. Се чувствува загрозен од тие кои имаат силен став, а ги иритира критиката од другите за неговите постапки. Нивниот совршен празничен партнер е друг инспиратор, а поради топлината и дружбата се согласува и со идеалистите.

Поради доминантната улога празниците во друштво на заповедник воопшто не се пријатни. Центарот на секоја празнична прослава се изведувачите бидејќи секоја ситуација можат да ја претворат во вистинско задоволство. Луѓето природно како магнет ги привлекува топлината на нивните срца, и тоа што во сите ситуации со двете нозе цврсто стојат на земја. Уживаат во празничните средби со на нив драгите лица, но помалку се несериозни, затоа не би требало да им се доверат грижите за финансиите. И покрај тоа што изведувачите на повеќето им се омилен празничен тип, воопшто не си одговараат со идеалистите. На некои им пречи дури и нивната леснотија и несериозност.

 

М.Ризовска

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...