Која е Барбата Палвин, новиот ангел на Викторија сикрет? Еве, неколку занимливости за неа

Барбара Палвин е супермодел на новото време. Неодамна се прочу веста дека таа е новиот ангел на Викторија сикрет, која ќе ја замени Андријана Лима.

Познато е, Андријана Лима, една од најпрочуените ангели на Викторија сикрет заминува во пензија, а на нејзино место доаѓа Унгарката Барбара Палвин. Палвин е препознатлива по нејзината насмевка, но и по тоа што шминката не и е потребна за да блеска. Разоружува со својата фотогеничност, со вретенастата фигура и сините очи.

Во модниот свет влегла на неполни 13 години

Според биографијата на 22-годишната Палвин, во модниот свет зачекорила на неполни 13 години. Следувале брзо успесите – ревии за големите луксузни куќи како Шанел, Миу Миу, Луј Витон, насловни страници и едиторијали за славните списанија, потоа добила актерска улога во епскиот спектакл Херкулес. Сепак, пресуден момент во нејзиниот живот кога станува позната на јавноста е ревијата на Прада, после која станала заштитно лице на L’Oreal Paris…Со оглед на нејзиното ангелско лице не не чуди што најмногу работела за козметички компании. Овој февруари Палвин ја красеше насловната страница на Ел Србија.

Сака да готви

Надвор од модната сцена, Палвин е девојка која сака да се дружи со пријателките но и со семејството. Во нејзиниот режим за топ форма спаѓаат здрава храна, протеинска исхрана и интензивно вежбање. Слободното време ужива да го „троши“ на готвење, а знае да оди и на риболов. „Голем сум фан на готвењето и кога имам време се обидувам да направам некој специјалитет дома од интернационалната кујна. Исто така сакам да шетам покрај реката каде сретнувам голем број на риболовци кои одамна ме заинтригираа за оваа активност. Додека престојував во Сиднеј му предложив на агентот сите заедно да одиме на риболов, но мислам дека никој не ме разбра сериозно“, вели Барбара.

Работи без кои не може

На листата на работи без кои не може се парфемот Chanel Chance кој и е омилен во последните 4 години. Потоа, сака да чита, па вели дека не може без книгата која моментно да чита, а не може ни без маскара, Ајфон и влажни марамчиња.

Би глумела со Џони Деп

Палвин ги сака филмовите на Џони Деп и начинот како тој глуми. Вели дека никогаш не била фан на некој глумец, но дека Деп навистина го сака. Од сериите омилена и е „How I Met Your Mother.“ – Оваа серија можам да ја гледам до недоглед, вели таа и додава – мојот омилен лик е Робин зашто е сличен на мојот темперамент и на мојот карактер.

x

Check Also

Емили Ратајковски во црн секси фустан на црвениот тепих

Популарната манекенка и глумица Емили Ратајковски се појави во друштво на сопругот ...