Која е тајната на беспрекорниот изглед на кожата на светските ѕвезди?

Гледајќи ги најголемите светски филмски и музички ѕвезди додека самоуверено чекорат по црвените теписи ширум светот, не можеме а да не се воодушевуваме на изгледот на нивната кожа, која постојано изгледа свежо и блескаво. Сигурно и вие се прашувате која е тајната зад нивниот изглед – мора да се работи за козметика специјално создадена за нив, која чини илјадници долари и може да се набави само ако ги познавате „вистинските луѓе“. А всушност, мислењето дека познатите личности поседуваат некаков таен серум за вечна убавина е само една голема заблуда.

Кога ќе помислите на најубавите познати жени во светот и нивната рутина за нега на кожа, сигурно не помислувате дека некоја од нив користи секојдневна, комерцијална козметика за да го одржи сјајот на кожата. Сепак, тајната на секогаш нежниот и здрав изглед на Бијонсе, мазната кожа на лицето на Шарлиз Терон, па дури и „тајната состојка“ на свадбениот изглед на Меган Маркл е производ кој многу често го сретнувате во локалната аптека и сигурно досега милион пати сте се запрашале дали сакате да го тестирате. Eucerin Aquaphor Soothing Skin Balm е ефективна крема за нега на кожа која ја навлажнува и регенерира сувата кожа, која се препорачува за сите возрасти и сите типови кожа, без разлика на делот од телото.

„Секоја вечер пред спиење се мачкам со Aquaphor, ставам дебел слој пред да ја повлечам прекривката над мене. Не изгледам секогаш гламурозно, понекогаш морам да си дозволам и вакви моменти“, изјави Бијонсе во интервјуто за Elle.

Можеби не е најскапата козметика во светот, но дефинитивно е една од најдобрите, што е причина многу славни личности во САД да не можат да се заситат од Eucerin, а особено од нивниот мелем за смирување на кожата Aquaphor. Лорен Конрад, Кортни Кардашијан, Минка Кели, Бијонсе, Луси Лиу, Дебра Месинг, Ешли Симпсон, Моли Симс, Џeсика Стам и други се огромни обожаватели на овој едноставен, но ефикасен производ.

Универзалноста на кремата Aquaphor го докажува и искуството на актерката Шарлиз Терон, која вели дека првпат се сретнала со кремата бидејќи ѝ била препорачана за кожата на нејзиниот син Џексон.

„Докторот ми ја препорача за Џексон. Откако почнав да ја користам на него, забележав дека Aquaphor кремата е една од најдобрите креми за раце што некогаш ги имам пробано, а одлично работи и за нега на усните. Оттогаш ја користам постојано“, вели Терон во интервју за InStyle.

Голем број светски ѕвезди го користат Eucerin како основен и неизоставен дел од нивната рутина за нега на кожа, притоа отворено препорачувајќи го на нивните фанови. Изгледа дека „серумот за вечна убавина“ сепак не е наменет само за привилегираните неколкумина, туку ви е достапен и на вас, на полиците во вашата најблиска аптека!

Со цел полесно да се нанесе на телото, Eucerin неодамна го создаде Eucerin Aquaphor Ointment Body Spray во форма на спреј кој едноставно се распрскува на местата на кожата каде треба да се реагира, брзо се апсорбира и не остава дамки на облеката. Овој производ е многу погоден кога треба да се нанесе  на места каде имаме рани, и кои се многу осетливи на допир со раце. Поради уникатните карактеристики на неговата формула, Eucerin Aquaphor Ointment Body Spray е препорачлив за сите возрасти, а особено за жените во зрели години кои имаат проблеми со сува кожа.

 

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Температурите брзо и значително растат, внимавајте на метеролошкиот стрес!

Пролетта конечно пристигна што се однесува до времето, но одеднаш доаѓаат речиси ...