Новата креативна директорка на Шанел, 30 години соработувала со Лагерфелд, а тој за неа велел дека е негова „десна рака“.
По смртта на Лагерфелд, славната модна куќа Шанел веднаш назначи нов креативен директор. Тоа е дизајнерката Врџини Виард која за Шанел работи од 1987 година.
-Вириџини е најважна личност, не само за мене туку и за целото ателје, за сите. Таа е мојата десна рака и постојано сме во контакт, ако не во живо, тогаш на телефонска врска, изјавил Лагерфелд за документарецот посветен на Шанел.
Инаку, Виард уште минатиот месец, поради тоа што Лагерфелд се чувствувал лошо и заморно, ја презела главната улога во ревијата на Шанел за пролет/лето 2019.