Која е вредноста на подарокот на кралицата за принцот Хари и Меган Маркл (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кралицата Елизабета за свадбата на Хари и Меган им подари куќа на имотот Сандрингем. Куќата припаѓала на семејството Виндзор.

Имотот Сандрингем има големо значење за кралицата и за семејството Виндзор. Оваа куќа била резиденција во сопственост на семејството на кралицата Елизабета (а не на кралската круна), сместена во селото Сандрингем, во областа Норфолк.

Во оваа куќа починал кралот Џорџ VI, таткото на Елизабета, и поради таа причина кралицата ги поминува тука годишнните од смртта на таткаси, секоја година, од 1952. Во оваа куќа, кралицата сака да ги поминува зимите, а секогаш е тука во месеците јануари и февруари. Тука со семејството Виндзор таа ја прославува и божиќната ноќ.

1895: York Cottage во Дандрингем, Норфолк.

Целиот имот, заедно со куќата, која кралицата го подарила на Хари и Меган, се простира на над 8.000 хектари, а вклучува и јавен парк од 240 хектари и градина од 24 хектари, која е поврзана со главната куќа, каде што кралицата престојува.

Новата куќа на војводата и војвотката од Сасекс датира од времето на Едвард VII, кој потоа ја подарил оваа куќа на неговиот син, идниот крал Џорџ V, во 1893 година.

Не е првпат кралицата Елизабета да подарува вакви непроценливи подароци на членовите од нејзиното семејство. Кога принцот Чарлс се омажил со Дајана, тие на подарок од кралицата ја добиле куќата Бирхал, која се наоѓа во Шкотска, додека на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон  им ја подари куќата Анмер Хол, исто така во Сандрингем, во близина на новиот дом на Хари и Меган.

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Максима од Холандија во црвена модна комбинација од глава до пети

49-годишната кралица присуствуваше на настан во Утрехт облечена во тотален изглед во ...