Која храна ни ја одзема енергијата?

Постојат намирници кои ни даваат енергија и намирници кои ни ја одземаат енергија. Прочитајте кои намирници треба да ги избегнувате за да чувствувате поголема енергија.


Вештачки засладувачи 

После варењето се создаваат нискокалорични шеќерни алкохоли како што се манитол, собиток и ксилитол, кои го вознемируваат желудникот и може да дојде до надуеност што одзема енергија. Подобро е да ги избегнувате или да ги ограничите во употреба. Тоа важи дури и мастиките за џвакање кои се со вештачки засладувач.

Индустриски обработена храна

Чоколатчињата и чипсот даваат експресна доза на енергија, но процесуираната храна бргу преминува во крвта што предизвикува нагло бранување на енергијата, односно еднакво нагло паѓање на енергијата.

Не јадете само слатко

Чоколадото или десертот обидете се секогаш да го јадете после оброк во кој биле застапени протеини и масти. Тоа ќе ја забави апсорцијата на шеќр и ќе спречи пад на енергијата и нагли промени на шеќер во крвта.

Недоволен внес на вода

Ако сте дехидрирани, волуменот на крвта паѓа па во мускулите и виталните органи се пренесува помалку кислород поради што ќе се чувствувате изморени.

Навечер пиете алкохол

Не само што алкохолот доведува до дехидрација, туку тој го ремети и сонот ако го конзумирате три до четири часа пред спиење.

Енергетски напивки

Најголемиот дел на енергетски напивки содржат кофеин, шеќер и многу хемикалии кои нагло ќе ви дадат сила. Но тоа кратко ќе трае, потоа следува нагло паѓање на енергијата.

 

x

Check Also

Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?  

Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават ...