Вчеравечер во хотелот Александар Палас, со почеток во 20 часот, преку новата колекција на дизајнерката Тања Кокев есента и зимата ни пристигнаа поубави од кога и да е.
На совршено осмислената сцена, речиси драмска, на импорвизираната модна патека која „мирисаше на есен“, послана со пожолтени листови, манекенките презентираа 33 модели од најновата колекција на Кокев за сезоната есен/зима/2013/2014 година.
Плиш, органза, плетени тулови, свила, присуство на тантелата како моден додаток кои се спојуваат со својата спротивност – да,…цветовите!
Тивката мудрост на Мајсторската Работилница на Светот ( на чие чело отсекогаш биле уметниците) уште еднаш ни покажа како живототворните плодови на културата, се разбира и модната, се освојуваат исклучително само со ентузијазам, опиеност од Еросот на Вечноста и смел творечки подвиг.
J.K