Коктел од цвекло за поефикасен тренинг

Освен кафе во последно време нутриционистите препорачуваат сок од цвекло за поголема издржливост. Цвеклото влијае на проширување на крвните садови а со тоа се зголемува протокот на крвта во мускулите. Подоброто снабдување со кислород и хранливи материи им овозможува на мускулите подобра работа. Оттука, за поголема издржливост на тренингот се препорачува свеж сок од цвекла на околу еден час пред тренингот.

Еве како да го подготвите.

 1 кг цвекло, 1 лажица мед и сок од 2 лимона. Цвеклото излупете го и ситно изрендајте го во сад, додадете го медот и сокот од лимон и помешајте. Смесата оставете ја околу три часа да отстои, а потоа исцедете ја силно гмечејќи ја.

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...