Коктел во мода есен/зима 2013/2014 – Милан! (ВИДЕО)

Нека дигне рака кој е „за“ следење на трендот?  За скапиот тренд, де…

мартини 1

Коктелот Негрони полека излегува од мода, а во последно време реномираните кафулиња низ светот го диктираат трендот Милан. Една верзија на италијанскиот Негрони, а се послужува во чаша за мартини.

Измислен од Италијанците, Милан го прославува центарот на модата, градот Милано. За разлика од Негрони, Милан не „трпи“ мраз, па затоа се смета и за есен/зима коктел.

Додуша, една чашка чини „цело богатство“ ама вреди за секоја голтка.

Еве ги состојките:

40 мл. џин (Bombay Sapphire)

40 мл Аперол, италијански аператив произведен од Барбери (можете, повремено, да го најдете и во поголемите наши супермаркети)

20 мл Мартини Росо (Martini Rosso)

Шафран (зачин) по вкус.

За декорација – портокал

мартини 3

Подоготовката не е комплицирана и добро е објаснета во видеово.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...