Топ 3 коктели со вино кои не прават среќни

Ако сте љубител на виното не мора да се ограничувате и единствено да го пиете во формата во која доаѓа во шише. Познавачите инсистираат дека може да се направат вкусни и шик коктели со вино.

vinski kokteli_0001

Можеби нам ни се познати винските коктели како „Шприцер“, „Бунар“, „Сангрија“ или „Бамбус“, кај кои, за жал, недостасуваат гламурозните елементи во начинот на кој се подготвуваат и послужуваат, но верувајте дека има многу популарни коктели во кои главната состојка – виното, ја зголемува нивната ексклузивност. Во коктелите кои содржат жестоки пијалаци, виното додава комплексност на остриот вкус на жестоките пијалаци и е незаменлива состојка при подготвувањето на коктели во сите модерни барови и други угостителски објекти.

Се разбира, врз ексклузивноста на коктелот влијае и типот на виното што ќе го одберете. Како пример за популарен ексклузивен коктел со вино се истакнува „Мимоза“, кој се подготвува од сок од портокал и шампањ.

vinski kokteli_0002

Подеднакво популарен е и „Белини“, комбинација од италијанскиот просеко и сок од праска и секако францускиот „Кир“ за чија подготовка се потребни ликер од црна рибизла и бело вино. Ако белото вино во овој коктел се замени со шампањ, добиваме „Кир ројал“.

vinski kokteli_0004

vinski kokteli_0003

Но, дали коктелот ќе биде по вкус на модерните консументи зависи и од количината на состојките што се употребуваат. Иако, класичниот рецепт за подготовка на „Кир“ предвидува да се користи 1/5 до 1/3 ликер од црна рибизла, многу бармени велат дека денешните консументи преферираат не толку благи коктели. Затоа, количината на ликерот во „Кир“ значително се намалува, а се зголемува количината на виното, за да се добие коктел со светло розева боја и освежителна киселкаста нота. Благодарение на ваквиот пристап, овој класичен коктел повторно стана кул.

За да го подготвите сами добро познатиот „Кир“, во коктел чаша или чаша за бело вино ставете две лажици ликер од црна рибизла, а потоа дополнете ја чашата со „Шардоне Спешал Селекшн“ на Винарската визба „Тиквеш“. Ова вино е одличен избор за да се постигне посакуваниот вкус на коктелот. Уживајте!

 

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...