Колач кој освојува „од прва“. Иако ние не би го нарекле колач, туку совршенство од пита.
Богат со намирници, овој здрав колач од јаболки и брокула сепак не содржи висока калорична вредност, а добредојден е на секоја елегантна, свечена трпеза.
За да го подготвите, ќе мора да одвоите нешто повеќе од 2 часа, но ќе треба и добро да се снаоѓате во кујната. Накусо, не е за неискусни готвачи. Не е ни за оние кои никогаш не замесиле тесто. Но, резултатот е фасцинантен.
Од намирници потребни се: 250 грама брашно, 5 јајца, рендано морско оревче, 1 лажица мајчина душичка, 100 грама путер, 400 грама брокули, 1 црвена пиперка, 400 грама јаболки, 250 грама кромид, 3 лажици масло, црн пипер, 250 грама виршли, 150 мл павлака, 100 мл млеко, 100 грама рендано гауда сирење, сол.
Подготовка: Замесете тесто од брашното, солта, морското оревче, мајчината душичка, путерот, едно јајце и 2 лажици студена вода.
Оставете го тестото да отстои 30-на минути во фрижидер.
Зеленчукот и јаболките измијте ги, излупете ги и исечкајте ги. Кромидот исечкајте го на кругови и пропржете го. Дададете ги јаболката и пиперката. Динстајте две минути и зачинете.
Брокулите бланширајте ги во врела посолена вода. Исечкајте ги виршлите. Изматете ги јајцата, павлаката и млекото. Загрејте ја рерната на 175 степени.
Во тркалезна немрсна тава ставете го претходно подготвеното тесто. Врз тестото наредете ги зеленчукот и виршлите, па прелијте со изматените јајца со павлака. Наросете со сирење и печете околу 90 минути.
По 40 минути печење покријте го колачот со фолија и продолжете со печењето.
Послужете по желба, (сеуште) топол или сосема изладен. И во двата случаи никого нема да остави рамнодушен.