Колач со јагоди – крал на пролетта

Искористете ја сезоната на јаготки за да подготвите прекрасен десерт.

Од намирници потребни се:

За кората – 6 јајца, 6 лажици брашно и 6 лажици шеќер

За кремот – половина литро млеко, 200 грама шеќер, 2 ванилин шеќер, 15 грама желатин, 500 грама матена павлака, 800 грама јаготки.

Подготовка

Кора – Изматете ги белките со шеќерот, потоа жолчките па се соединете и додадете 6 лажици брашно. Убаво измешајте. Печете на пергамент-хартија за печење во четвртеста тепсија, 30 минути на 180 степени. Печеното тесто поделете го на два дела.

Кремот – Сварете го млекото со шеќерот и желатинот претходно измешан со половина шолја ладна вода. Додадете го ванилиниот шеќер и оставете да се излади се додека не се „стегне“ (во фрижидер). Најдобро е да стане густо како пудинг. Изматете ја слатката павлака и полека додавајте ја во масата со млеко (претходно „стегнатата“ маса со млекото малку изматете ја со миксер. Матете сега заедно со павлаката да добиете убав крем. Јагодите наросете ги со малку шеќер и наредете ги врз кората, па крем, па повторно кора и на крај – крем. Оставете го колачот во фрижидер неколку часа.

x

Check Also

Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат ...