Колекција пролет/лето 2017 – „Моја Африка“ од Алшар

Инспирацијата за колекцијата пролет/лето 2017 на модната дизајнерка Силвија Михајловска (Алшар) е од филмот „Моја Африка“, поточно од ликот Карен кој го глуми Мерил Стрип – прикажана како борец, голем индивидуалист, истовремено силна и принципиелна личност. Колекцијата го има сенсот на колонијата Африка и претставува современо видување на креациите што ги носи Карен – парчиња инспирирани од сафари стилот.

Креациите се со нагласени геометриски и архитектонски форми со изразен волумен и асимтеричност.

Изработени се од лен, памучен пуплин, еко кожа…, со нагласена женствена силуета, разиграна со асиметрични форми, метални детаљи и големи џепови кои го доловуваат сафари-стилот изразен и преку боите – крем, маслинеста, бела, жолта и металик нијанси на бакарна и сребрена.

Колекцијата содржи 29 креации.

Креациите на модната дизајнерка Силвија Михајловска може да ги купите во Алшар Модно Ателје, на улица ленинова.

x

Check Also

Топ 8 модели на кожени панталони од популарните модни марки

Еден од најголемите хитови на оваа есен/зима се панталоните од кожа или ...