Колекцијата на Изабел Марант за Х&М веќе во продажба на eBay

10 дена пред започнувањето на официјалната продажба во Х&М продавниците, колекцијата на Изабел Марант за Х&М веќе е достапна на  eBay.

marant 1

Дел од колекцијата со потпис на француската креаторка Изабел Марант се појави на аукциската платформа eBay. Моментно можат да се нарачаат панталони, јакни и чизми по цена од 178 до околу 690 евра.

Не е првпат шведската компанија да се соочи со ваков проблем на предвремена продажба. Инаку, официјалната продажба на оваа колекција пристигнува во над 200 продавници на Х&М низ светот на 14 ноември.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...