Колекција која нетрпеливо ја очекуваме: Келвин Клајн и Енди Ворхол

На крајот на минатата година Келвин Клајн ја објави соработката со Здружението Енди Ворхол, а првите фотографии од резултатите од соработката се појавија. Станува збор за соработка која ќе трае до 2020 година.

Според договорот меѓу Клајн и Здружението Енди Ворхол, долната облека Келвин Клајн отсега ќе ја красат принтови од богатото уметничко творештво на поп-арт уметникот Енди Ворхол.

За сега се појави фотографија на која гаќичките и маичките со потписот од Келвин Клајн имаат принт од сликите од црно-белиот филм „Кис“. Делото на Енди Ворхол, филмот „Кис“, е создадено во 1963 година. Филмот прикажува 12 парови од различни националности и сексуални оријентации како се бакнуваат и тоа 3 ипол минути.

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...