Колекција на џемпери и кардигани од H&M – за секој вкус по нешто!

Есента носи промени во нашиот гардеробер, а предност имаат плетките.

Модната марка H&M ја лансираше колекцијата наменета на плетки, која содржи од кардигани до волнени џемпери и предимензионирани џемпери со кочиња кои одлично стојат со кошула, сукња иили панталони. За оние кои сакаат џемперче под сакото – тука се потенките и ребрестите плетки.

Од палетата на бои, доминираат неутралните тонови, но за оние кои сакаат бои во есенските денови, има џемпери во трендовска сина нијанса, како и во силно црвена и жолта.

Во фотогалеријата, еве ги нашите есенски H&M фаворити.

x

Check Also

10 најпопуларни имиња на кучиња за различни раси и големини

Имате голем избор кога станува збор за вдомување куче. Може да изберете ...