Колекција на ZARA, модели за вечерни излегувања и за празничната сезона

Новата колекција на модната марка Зара е дизајнирана за сезоната на забави и свечености, како и за вечерни излегувања.

Моделите Леа Џулијан, Наоми Чин Винг и Џеси Бломендал позираат за каталогот, а фотосејата е снимена на париските улици. Акцентот е на темните бои и гламурозните силуети.

Доминираат макси фустаните, комбинезонките и здолништата од плиш, бундичките од вештачко крзно и високите кожени чизми.

Секое модно парче е совршено за сезоната на новогодишните и божиќните празници.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...