Колекцијата Zara TRF ни ги носи сите есенски трендови на едно место

Ако се прашувате кои се главните есенски/зимски трендови за 2019/20 година, „фрлете“ само поглед на новата TRF колекција од Zara.

Колекцијата го носи духот (и стилот) на 80-те години.

Модниот водич е насловен Overbold, а во него позираат пет моделки претставувајќи ни ги разиграните модели – лелеави фустани, кошули со паф ракави и здолништа со дискретни карнери, додека од материјалите доминира животинскиот принт, силните бои (како розова и зелена), и карираното. 

Не заборавајте на трендовските „каубој“ чизми, како и на чизмичките со висина до глуждовите. Од модните додатоци пак, актуелен е накитет кој е имитација на злато.

 

x

Check Also

Со неколку клика омилените MANGO парчиња на -20% ви се до вашиот дом

Една прекрасна вест за сите љубители на познатиот бренд MANGO, само преку ...