Истражување: Колку чевли имате? И? Сите ви требаат?

Во просек жените имаат по 20 чифта чевли, но носат само пет чифта. Дури 86 отсто од жените имаат чевли кои никогаш не ги ни облекле!

cevli 1

Стара и добро позната е љубовта меѓу жените и чевлите. Но истражувањето направено од VoucherCodesPro покажува дека жените во просек имаат 20 чифта чевли, но од нив носат само 5 чифта.

Ситен е бројот (1 отсто) на испитаници кои одговориле дека не носат одредени чевли од страв да не ги уништат.

37 отсто жени имаат по еден скап брендиран чифт чевли кој го добиле на подарок, а дури 86 отсто жени имаат чевли кои никогаш не ги ни облекле.

Како главна причина за неносење нa чевлите, жените одговориле дека тие не им се удобни. Втора причина за неносење на некои чевли е нивното речиси невозможно компонирање со гардеробата.

Се препознавате во анкетава? Ако одговорот е потврден, следниот пат при шопингот не се залетувајте по моделот од излогот туку три пати размислите дали ви одговараат на стилот и колку се удобни. Ако одговорот пак е негативен, зошто тогаш имате толку чифта чевли во шкафот, а ги носите само истите 2-3 пара?

 

x

Check Also

Џеки Сталоне, познатата мајка на Силвестер, почина на 98 години, беше познат астролог

Акробатка, советнича на телефонска линија за психичко болни лица, и промоторка на ...