Колку чинеше свадбата на Кјара Ферањи и Федез?

Цифрата е топ сикрет, но се претпоставува сума од 20 милиони евра.

Италијанската славна модна блогерка Кјара Ферањи се венчаѓе со Федез минатиот 1 септември, со многу елегантна церемонија. Колку коштала свадбата? Еве за кои бројки се зборува.

Сумата на трошок, која ја пресмета италијанскиот дневен весник „Република“ изнесува 20 милиони евра. Калкулациите се движат вака – секој пост на прочуената блогерка Ферањи, кој е спонзориран од модните компании, изнесува 11 000 евра. Постовите кои ги објавува на Инстаграм преку блогот Блондесалад коштаат од 50 до 60 илјади долари. Пресметувајќи го бројот на постови кои беа постирани околу свадбата, се доаѓа до вртоглава цифра.

Се што носеа на свадбата Кјара Ферањи и Федез беше брендирано од луксузините модни марки – од чевли до чанта, а секако и платено, додека сите спонзорирани постови на социјланите мрежи се објавуваат под хаштагот #TheFerragnez

Колку „тежат“ Ферањи и Федез?

Тој вели дека заработува повеќе од неа (како фудбалер од серијата А), а таа е најпозната модна блогерка во светот и најплатена. Според некои проценки, секој од нив „тежи“ околу 10 милиони долари. Како и да е, парот за брзо време стана феномен на социјалните мрежи, не само во однос на сумите туку и во влијанието врз јавноста. Самиот Федез има над 6 милиони следбеници на Инстаграм, додека Кјара има над 14 милиони.

Диор ја облече Кјара и неколку дена пред свадбата

Спонзорства за свадбата

Не станува збор само за свадбената церемонија, односно за еден ден, туку големите модни компании ги спонзорираа и подготовките околу свадбата кои претходно траеа неколку дена. На пример, сите гости пристигнаа преку лет на Алиталиа (поддржано од Алиталија), Прада ја облече невестата за забавата пред церемонијата (поддржано од Прада). Да не зборуваме за облеката на свадбениот ден – Диор дизајнираше преубава венчаница за невестата, додека Версаче дизајнираше костум за Федез.

 

x

Check Also

Моника Белучи блеска во новата кампања на Долче и Габана

Три италијански убавици од различни генерации – Моника Белучи, Бјанка Балти и ...