Колку чини јахтата која ја изнајмува Роналдо?

Фудбалскиот ас, неговата девојка и децата во слободно време уживаат на француската ривиера.

Ѕвездата на Јувентус, неговите четири деца и девојката, Џорџина Родригез, секој слободен ден го користат далеку од фудбалскиот терен, поточно на суперјахтата. Приватната јахта на Роналдо е наречена Африка 1 (Бенети).

Цената на изнајмување на оваа јахта чини 221.500 долари неделно надвор од сезона, додека во сезона чини 245.000 долари. Јахтата има модерен ентериер и нуди доволно простор за 12 лица, има шест кабини и мастер апартман. Потоа, тука се џакузите, трпезаријата, простори за седење, бар и теретана.

Јахтата има и широк асортиман на играчки на вода, скии за вода, тобоган…, односно се што ги радува неговите деца.

Суперхајтата се изнајмува со персонал од 9 луѓе кои се задолжени за луксузен третман на гостите.

Цената на јахтата изгледа превисока, но тоа не е ништо за Роналдо кој според Форбс, минатата сезона заработел 109 милиони долари. Сепак, таа сума е помала од онаа која ја заработил Меси – 127 милиони долари.

x

Check Also

Кејт Мидлтон во светлосин фустан на финалето на Вимблдон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера го следеше финалето на Вимблдон. За ...