Колку филџани зелен чај треба да пиеме дневно?

Кинезите велат „подобро три дена без храна отколку еден ден без чај“. Но иако зелениот чај е многу здрав, многу е важно да водиме сметка за количината.

За да ги почувствуваме благодетите од зелениот чај треба да пиеме по 7 филџани од него дневно. Доколку пак, водите битка со килограмите, се препорачуваат 7 филџани зелен чај дневно. Сепак, не смееме да испиеме повеќе од 10 филџани дневно зашто ќе предизвикаме несоница и опстипација.

Зелен чај треба сосема да избегнуваат оние кои веќе имаат проблем со несоница, алергија на кофеин или епилепсија. Бремените жени исто така не треба да конзумираат зелен чај бидејќи ја намалува апсорбцијата на фолна киселина која е од исклучителна важност за трудниците. Доколку сте анемични, не се препорачува зелен чај бидејќи ја намалува апсорбцијата на железо во организмот.

Најпосле, ако сте од оние кои смеете да пиете зелен чај,  никако не додавајте шеќер во него, туку само неколку капки лимон.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...