Колку калории може да потрошите со планинарење

Планинарењето е еден од најдобрите аеробни тренинзи. Иако планинарењето физички не изморува и исцрпува, тоа истовремено го полни нашето тело со енергија.

Одењето во планина ни носи спокојство, опуштање и спојување со природата. Секако, планинарењето позитивно влијае на здравјето – ја подобрува циркулацијата, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, го подобрува имунолошкиот систем…, и троши калории.

Точниот број на калории кои се трошат со планинарење зависи од неколку работи, вклучувајќи ја и моменталната телесна тежина, составот на мускулите и кондицијата. Базирано на интензитет на просечна угорнина или брдо, еве колку калории може да согорите со овој рекреативен спорт за час и половина.

Килограми       Потрошени калории

45-50                   350-400

51-58                   430-500

59-65                   570-600

66-73                   620-700

74-85                   730-790

85-95                   800-870

96-110                 880-950

 

x

Check Also

Топ 5 совети за рамен стомак

Ако се придржувате до овие 5 правила, за прилично краток период ќе ...