Колку ќе чинат очилата за сонце од колекцијата на Ријана за Диор?

Со колекцијата за Пума се уверивме дека Ријана навистина има чувство за мода и дизајн. Потоа следуваше одличната соработка на пејачката со познатиот дизајнер на чевли Маноло Бланик, која исто така воодушеви, па сега е јасно дека и линијата на очила за сонце за Диор ќе биде фасцинантна. Судејќи според неколку фотографии од колекцијата, станува збор за луксузни и супермодерни очила. Но колку ќе чинат?

rihanna-dior-10

Според првичните информации, сепак ваквите Диор очила ќе можат да си ги дозволат само оние со длабок џеб. Имено, почетната цена ќе биде од 800 евра нагоре, додека моделите со детаљи од 24-каратно злато ќе се продаваат по цена од околу 1.700 евра.

Очилата за сонце ќе бидат достапни во шест бои – сребрени, розови, сини, зелени, црвени и златни, а сите ќе имаат огледало-ефект.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...